ЕВН Македонија и Министерството за економија во рамките на платформата за енергетска ефикасност го почнаа промовирањето на позитивните примери за заштеда на енергија во бизнис-секторот. Системот за управување со објекти на аеродромот Александар Великии во Скопје на ТАВ Македонија е првиот пример на веќе применети решенија. Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Вернер Хенгст и министерот за економија Ваљон Сараќини при посетата на аеродромот го оценија системот како позитивен пример за енергетска ефикасност. ЕВН Македонија постојано работи на промовирање на концептот за енергетска ефикасност и поттикнување на негова поширока примена. Навистина радува фактот што еден ваков стратегиски објект, дава пример за тоа како може да се работи по највисоките стандарди, а притоа да се обезбеди енергетската ефикасност во работењето.
ЕВН Македонија и Министерството за економија во рамките на платформата за енергетска ефикасност го почнаа промовирањето на позитивните примери за заштеда на енергија во бизнис-секторот.
Системот за управување со објекти на аеродромот Александар Великии во Скопје на ТАВ Македонија е првиот пример на веќе применети решенија. Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Вернер Хенгст и министерот за економија Ваљон Сараќини при посетата на аеродромот го оценија системот како позитивен пример за енергетска ефикасност.
- ЕВН Македонија постојано работи на промовирање на концептот за енергетска ефикасност и поттикнување на негова поширока примена. Навистина радува фактот што еден ваков стратегиски објект, дава пример за тоа како може да се работи по највисоките стандарди, а притоа да се обезбеди енергетската ефикасност во работењето - истакна Хенгст.
Министерот за економија Ваљон Сараќини посочи дека, системот на ТАВ е одличен пример како функционира примената на енергетска ефикасност на дело. Преку примената на системи кои сериозно ја намалуваат потрошувачката на електрична енергија компаниите си обезбедуваат поголема конкурентност и оптимизација на трошоците.
Инвестицијата на ТАВ Македонија во Системот за управување со објекти изнесува 100.000 евра, а нуди заштеда на енергија од околу 20% годишно. Директорот на аеродромот Александар Великии, Зоран Крстевски смета дека повратот на инвестицијата преку заштедените средства за електрична енергија е 1,5 година.
- Воведувањето на БМС-системот за управување со објектот можеме да кажеме дека е веќе исплатлива инвестиција бидејќи над 20% е намалена потрошувачката на електрична енергија. Исто така, имаме и нова енергетска поддршка на полетно-слетната патека преку систем за далечинско управување со светлосната сигнализација со која контролорите на летање самостојно управуваат со светлото на полетно-слетната патека со што се врши заштеда на енергијата и се подобрува сигурноста - рече Крстевски кој додаде дека веќе е направен гасовод од ТИРЗ Скопје 1 до аеродромот и наскоро греењето ќе биде префрлено на гас, а се размислува и за воведување на соларна енергија.